Американскиот претседател Доналд Трамп желбата на својот француски колега за создавање на европска армија ја протолкува како непријателство кон САД.
Во објавата на Твитер, тој го опиша сето тоа како офанзива.
“Францускиот претседател Макрон штотуку предложи Европа да создаде сопствени вооружени сили, за да се брани од САД, Кина и Русија . Тоа е многу навредливо, но можеби Европа мора прво фер да го плати својот дел од НАТО , кој САД субвенционираат великодушно. ” – напиша Трамп.
На 6 ноември, Макрон на радио Европа 1 изјави дека Европејците нема да можат да се бранат без “вистинска европска армија”. Францускиот претседател појасни дека ова се наметнува со оглед на однесувањето на Русија и Кина, па дури и САД, бидејќи ЕУ не може “да се потпира само на САД”– без да ги става САД под заеднички именител со Русија и Кина и без да укажува на директно воено спротиставување со американската страна.