Бездомникот кој со количка го спречи напаѓачот со нож во Мелбурн заслужено награден

од desk2
134 прегледи

Бездомникот кој со количка го спречи напаѓачот со нож во Мелбурн, неочекувано е награден од граѓаните, кои донираа повеќе од 36.000 долари за да му помогнат.

Бездомникот Мајкл Роџерс со количката му пречеше на Хасан Калиф Шајр Али кој со ноѓ нападна три лица во петокот.

Неговото однесување го снимија сведоци на местото на настанот, а Роџерс набрзо стана херој на социјалните мрежи.

Една хуманитарна организација брзо покрена акција за собирање помош за Роџерс.

ДО сабота вечерта собрани се 36.000 американки долари, но веројатно ќе се соберат многу повеќе.

Фондацијата наведе дека ќе му помогне на Мајкл Роџерс околу сместувањето.

Погледенте како изгледаше нападот на Хасан Калиф Шајр Али и рекацијата на Мајкл Роџерс.