Бел тартуф од 850 гр продаден е во Алба кај Торино, за 85.000 евра, односно 100 евра по грам.

Тартуфот го купил Кинез од Хонконг, чиј идентитет не е откриен.
Алба веќе 88 години секоја годинае домаќин на голем саем на белиот тартуф кога се продаваат ретки единствено мирисни печурки од тој вид.
Белиот тартуф во Алба се ископува д 21 септември до 31 кануари и има голема репутација.
„Карактеристичен е силниот мирис, кој потсетува на романтични средби, шума, природа што е многу предизвикувачки“, изјави претседателот на италијанскиот Центар за истражување на тартуфите Антонио Деџакоми и додаде дека оваа година бербата била одлична и по квантитет и по квалитет.
Оваа печурка расте покрај коренот на некои видови дрвја длабоко во земјата.