Скопската Зоолошка градина доби електрично возило за прошетка на посетителите

од desk2
113 прегледи

Зоолошката градина во Скопје го поднови својот возен парк со електричен еко минибус наменет за прошетки на посетителите во зимскиот период. Новиот екобус е со капацитет за 20 посетители, а со едно електрично полнење ќе поминува до 80 километри.

Засега ова е првото возило што го добива Зоолошката градина. Директорот на ЗОО Скопје Ѓорѓи Галетановски и сопствениците на „Брегал“ склучија меморандум за донација и меѓусебна соработка.

– Зоолошка градина во Скопје ги следи еколошките стандарди и во иднина целиот возен парк ќе биде префрлен на електричен погон – најавуваат од ЗОО Скопје.