Заради незапамтените пожари што ја зафатија Калифорнија повеќе од 250.000 луѓе мораше да ги напуштат своите домови. Во пожарот настрадаа и куќи на познати личности.

Токму тие се ангажираа околу помошта на своите сограѓани, а меѓу нив и Леди Гага.
Пејачката одлучи да им го разубави денот на луѓето кои се сместени во евакуациониот ценатр на Црвениот крст во Лос Анџелес, така што им донела пици, кафе и подарок бонови.
https://www.instagram.com/p/BqKYhzCAyGw/?utm_source=ig_embed
Таа самата беше присилена да ја напушти својата куќа во Малибу која е уништена во пожарот.
„Денеска ми е најдрагиот ден во годината – Светскиот ден на љубезност, па сакам сите да ве охрабрам да направите едно добро дело па дури и за самите себе“, порача Гага.
https://www.instagram.com/p/BqJEzaZF131/?utm_source=ig_embed