БиХ: Професор по психологија барал секс од ученик

од desk2
110 прегледи

„Дека зад лажниот профил на Фејсбук се крие мојот професор по психологија не ни сонував“, вели во својата исповед ученик во средното Медицинско училиште во Зеница, БиХ.

„На мојот профил се јави непознат маж, кој се претстави дека има 30 години, дека му се допаѓа мојот задник, и како што рече, бил совршен, и дека сака да има секс со мене“, вели ученикот.

Иако, тогаш не знаел со кој комуницира, момчето му рекло дека нема ништо против хомосексуалците, но дека тој не е таков. Но, професорот не се откажувал.

„МОже ли дополнително да бидам безобразен, да ти го видам задникот на камера? Просто е неверојатно колку е добар и мојот п…. ќе се гледа на камера, а верувам и дека ќе ти се допадне“, се обидува професорот да го наговори ученикот.

Неколкупати го наговарал и да го искористи задникот за да добие повисоки оценки на училиште.

Момчето заедно со негов другар направиле лажен фејсбук профил и побарале од него да се вклучи на камера, а тогаш следувал шок. Го препознале професорот по психологија.

Случајот го пријавиле во училиштето и во полиција, а професорот во меѓувреме го избришал лажниот профил, и се негира.

Во училиштето го суспензирале од работа, но сега се потпишува петиција ој да се врати на работа. Сепак, учениците од седум класа на кои тој им предава, кога тој влегувал во училницата го напуштале училиштето во знак на солидарност со соученикот.