Од Владата на Србија ќе се побара воведување наплата на патарина и на магистралните патишта во Србија, потврди В.Д. директорот на Патишта Србија, Зоран Дробњак.

За Прва ТВ вели дека станува збор за патишта од Прв Бе ред и дека патарината би се однесувала на камиони потешки од 7,5 тони.
„Камионите избегнуваат наплата на патарина на автопатиштата, па тогаш нека плаќаат на магистралните патишта, тоа е важно и за безбедноста во сообраќајот“, вели Дробњак.
Исто така, ќе се бара од владата зголемување на цената на патарината за 10 отсто.