Забрана за товарни возила на Плетвар поради навеаниот снег

од desk2
124 прегледи

Попладнево во 16,30 часот е воведена забрана за движење на тешки моторни возила на планинскиот превој Плетвар, поради обилни врнежи од снег, информира АМСМ.

Поради интензивни врнежи од снег на планинскиот премин Стража се воведува задолжителна употреба на зимска опрема (ланци) за сите моторни возила.