Новогодишната елка пристигна во Белата куќа САД- Пристигна новогодишната елка во Белата куќа, со што и официјално почнува празничната сезона во Вашингтон, пренесуваат американските медиуми.

Ја пречекаа американскиот претседател Доналд Трамп со сопругата Меланија. Рака за рака се движеа околу кочијата која ја донесе елката висока 6 метри, од американската држава Северна Каролина, која била избрана во септември. Ова ќе бидат втор Божик и Нова година за семејството Трамп во Белата куќа.
Официјалната елка ќе биде декорирана и поставена во Сината соба во Белата куќа.
Првата дама на САД беше облечена во впечатлива карирана палто-наметка од Мајкл Корс и кадифени чизми.