Пронајдоа 350.000 евра скриени во … машина за перење!

од Vlatko K
153 прегледи

Холандската полиција пронајде 350.000 евра скриена во машината за перење и уапси осомничен токму за  перење пари.

Износот бил пронајден во станот во западниот дел на Амстердам. Полицијата ја проверувала  куќата за нерегистрирани жители, но најде вредни “алишта”.  Сликата објавена на холандската полициска веб-страница покажува бројни банкноти од најмногу 20 и 50 евра собрани во барабанот на машината. Во прилог на парите, во станот беа пронајдени бројач на банкноти, огнено оружје и многу други мобилни телефони.