МПЦ ќе добие станови и деловен простор на локацијата спроти ГТЦ

од desk2
157 прегледи

Македонската православна црква ќе добие станбен и деловен простор во висококатниците кои што треба да се изградат кај сега постоечкиот паркинг простор наспроти ГТЦ. Од МПЦ тврдат дека не учествуваат во купување на никакво државно земјиште, туку дека купувањето го извршило фирмата Обновители. Од таму потенцираат дека нема да учествуваат ниту во градењето на висококатниците кои се предвидени да никнат на оваа атрактивна локација.

– „Македонската православна црква поседува парцела на паркингот наспроти ГТЦ која ја има добиено со денационализација. На инвеститорот, Македонската православна црква му ја отстапува својата парцела за која треба да добие станбен и деловен простор во објектите што ќе се градат таму.“ – велат од МПЦ.

Продажбата на ова атрактивно државно земјиште е направена пред еден месец а сумата е веќе уплатена на сметака на Буџетот на државата. Зошто МПЦ со фирмата Обновители влегува во зделка за купување на државното земјиште на оваа атрактивна локација, и зошто формирала бизнис зделка со инвеститорот Зоран Антиќ со кои ја формираат фирмата Обновители не одговараат со конкретна информација, но потенцираат дека ќе добијаат станбен и деловен простор. Најавуваната изградба на вискокатниците наиде на неодобрување од страна на архитектите и граѓаните.

Повеќе тука