Единствениот знак кој не е претставен како човек или животно, а многумина го нарекуваат адвокат на ѓаволот. Секако, станува збор за Вагите.
Како што говори и симболиката на знакот, на Вагата најважен ѝ е балансот во животот. Тие секогаш се тука за да ви дадат совет и да ве сослушаат, но нивниот проблем е тоа што, поради вечната желба за мир, никогаш не одбираат страни.

Вагите имаат совршена перцепција и паметно ги одбираат луѓето кои ќе бидат во нивниот живот. Но, поради големата желба сите да ги сакаат и со никого да не се во лоши односи, често ги занемаруваат блсиките луѓе, за да им помогнат на некои непознати странци.
Сепак, и покрај тоа што често ќе ве полудат поради начинот на кој го гледаат светот – со „розови очила“, Вагите се одлични пријатели и нивната добрина и енергија, можат да имаат големо влијание на вашиот живот.