Украина ќе побара од Турција да го затвори Босфор за руски бродови на позадината на настанатата криза во Керченскиот теснец , објавија руски медиуми.
На втората Меѓународна конференција за морска безбедност во Киев Игор Воронченко, командант на Морнарицата на Украина, изјави дека властите ќе побараат од Турција да го затвори Босфор за руски воени бродови.
” Како командант на Морнарицата јас молам и изразувам уверување дека меѓународната заедница ќе донесе одлука и ќе признае дека против државата Украина беше преземен агресивен чин … Ние ќе се обидеме да побараме затворање поминување низ Босфорскиот теснец во Република Турција “, објави тој и ја обвини Москва за кршење на меѓународното право.
Според Воронченко тоа може да се постигне во согласност со Член 19 од Конвенцијата од Монтро од 1936 година во врска Режимот на плимата, кој дава на Турција контрола над Босфорот и Дарданелите и регулирање на преминувањето на борбени бродови.
Претходно турскиот претседател Реџеп Еродган објави дека разговарал можноста да посредува за решавање на кризата меѓу Киев и Москва.
Во меѓувреме, Русија објави дека нема правна основа за воведување таква забрана за руски воени бродови.
Заменик-претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност кон горниот дом на рускиот парламент, Франц Клинцевич објави цитиран од ТАСС дека нема правна основа да се затвори Босфор, бидејќи Русија не е земја која учествува во војна, бидејќи граничните власти дејствуваа во согласност со меѓународното право за време на инцидентот.