На Хрват му рекле дека времето го прегазило: Во Германија заработува колку што не може да потроши

од desk2
150 прегледи

Во Хрватска му велеле дека е престар (има 50-тина години), дека времето го прегазило, дека има само една година искуство и тоа одамна, но Деан Томиќ од Пула сепак, заминал во Германија.

Таму работи како инженер и заработува толку пари што не може реално да ги потроши.

Во Пула, имал киоск 20 години, а претходно завршил Технички факултет во Риека. Една година работел како инженер и отворил приватна фирма.

Кога го затворил киоскот пријателите му велеле дека можеби бил меѓу најдобрите студенти, но дека е стар и не може да заработи ни за бурек во струката. нема искуство. Велел дека во технологијата се се спроменило.

„Лично не можам да видам што се промени во техниката. Сите закони во математиката се исти. Законите на механиката се исти, статика, кинематика, динамика, науката за топлината, механиката на флуиди, науката за цврстина, теорија на осцилации и друго – што се промени? Брзината на светлината и на звукот се уште е иста, апсолутната нула се уште е на минус 273,16 Целзиусови степени, челикот е со ист хемиски состав – притисок, свиткување, торзија и сечење, како и порано. Барам, а не можем да најдам што се променило. Се промени изгледот на автомобилите, каросеријата, но тоа е дизајн. Моторот во него и понатаму работи на четири такта: вшмукување, компресија, експанзија и издув“, вели Томиќ.

За разлика од некои луѓе во Хрватска, нивното мислење за среќа не го делеа Германците. Сега имам толкава плата, што можам да си купам 100 пара чевли месечно, ама не ми требаат вели Томиќ.