УПОЗ бара оставка од Судскиот буџетски совет, додатоците на плата на судиите зголемени за 35 отсто

од desk2
170 прегледи

Синдикатот на УПОЗ попладнево реагираше на одлуката што ја донел Судскиот буџетски совет за исплата на додатоци на плати за судиите во износ од 35 проценти. Според Синдикатот, ова е најсрамната одлука донесена во историјата на судството и со неа судиите ќе добијат зголемување за 21 илјада денари што е повеќе за 85 проценти од платата што ја земаат вработените во судската служба.

Од УПОЗ бараат итна и неотповиклива оставка од претседателот и членовите на Судскиот буџетски совет.

– Судскиот буџетски совет на чело со претседателот Зоран Караџовски денес требаше да донесе одлука да се вратат парите на вработените од судовите кои во 2016 година незаконски беа одземени за време на штрајкот во судовите лично од него. За Синдикатот на УПОЗ ова е долевање на масло на огнот кој гори од незадоволството од третманот на судските службеници во изминатите години, замрзнување на нивните плати и постојано зголемување на платите на судиите, наведува УПОЗ.