Kнигата „Ринго и јас“ од израелската авторка Михал Сегал Арнолд, во издание на издавачката куќа „Магор“ беше промовирана вчера во Скопје.

Павлина Лазаревска од Издавачката куќа Магор истакна дека станува збор за исклучителна книга која се обидува да даде одговор на некои вечно битни прашања за луѓето: дали луѓето навистина се грижат зошто не можеме да ја преболиме тагата за нашите сакани кои починале, дали нештата се случуваат со причина, дали се некако поврзани со кого било. Во неа е преточено и личното искуство на авторката за време на нејзиот престој во САД и живеење со домородните индијанци.
Во промотивна реч за делото македонскиот истакнат писател Александар Прокопиев посочи дека иако Ринго е дел од романот и приказната за Битлсите-големата Ливерпулска четворка, во дијалошка форма се протега низ целиот роман интересно е што Михал го одбрала токму Ринго за нејзин сопатник, пријател, за свој патувач низ соништата, низ пријателствата. Тој ќе и помогне да ја надмине траумата од смртта на таткото, а тоа го поврзува и со нејзиното искуство со индиската култура.
-Ринго е еден вид терапевт за Михал и тоа низ нивните разговори кои се водат на различни места во различни средини, дали во Хаифа, Дакота, се всушност едно внатрешно чистење на главната личност. Во таа смисла Ринго можеме да го сватиме како конкретен имагинарен, како млад, како возрасен, како музичар кој патува во внатрешните светови. Во тоа патување главниот лик доживува една иницијација, вели Прокопиев.
На промоцијата присуствуваше и авторката Арнолд која читаше извадок од книгата на хибру.
„Ринго и јас“ е втора книга која ја издава Магор во рамки на проектот за превод на израелската литература што го реализираат во соработка со Израелската амбасада во Скопје. Предвидено е да излезат пет наслова. Првиот беше „Коњот влегува во бар“ на Давид Гросман, за која Гросман ја доби Тхе Ман Боокер Призе за 2017. Следната година се најавува книгата „Кандидатот“ на Мирон Ајзаксон.