МНР: Поради најавен протест да се избегнуваат делови од Париз

од desk2
146 прегледи

Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги потсетува македонските граѓани кои планираат да патуваат во Париз дека на 8 декември е закажан протест и притоа предупредува да се избегнуваат одредени места во централното градско подрачје.


-Во тој период МНР препорачува да се избегнуваат местата во централното градско подрачје – плоштадите Конкорд и Бастиља, Триумфалната капија, Елисејската палата, Националното собрание…, пишува Министерството за надворешни работи во објавата на својата фејсбук страница.

Од МНР посочуваат дека граѓаните во итни случаи можат да ја контактираат амбасадата на РМ во Париз на телефонскиот број 0033680080890.сември 2018 (МИА) –