Елката светна на плоштадот Македонија

од Марта Пешевска
108 прегледи

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов со осветлувањето на новогодишната елка ги стратува новогодишните празнувања во Скопје.

Осветлувањето на елката беше проследено со огномет, божиќни и новогодишни песни. На бината поставена во рамките на новогодишното село, празничните песни ги пееше средношколскиот хор составен од 120 деца од деветте среди училишта на Град Скопје.

Средношколците на плоштадот Македонија пристигнаа придружувани од членовите на Градскиот дувачки оркестар, кој  изведе парадно концертирање од Старата железничка станица, па по улицата Македонија, до плоштадот.

Просторот околу елката е уреден како новогодишна населба со украсени куќички во зимски амбиент, каде се продава храна, пијалоци и новогодишни подароци. Според програмата која ја најави градоначалникот Петре Шилегов од 15 декември на бината во новогдишната населба ќе се организираат настани и концерти.

За новогодишното село и програмата која ќе трае две недели Градот потрочи 100.000 евра, додека украсувањето заедно со новогодишниот огномет чини 260.000 евра. Градот како и години наназад го украсува фирмата „Линк медиа плус“.

Погледнете ја галеријата на МИА