Со добивка од 118 милиони долари за една година, ирската група Ју Ту (U2) беше прва на листата на најплатените музичари, според магазинот Форбс.
Благодарение на својата светска турнеја “Joshua Tree” “Ју Ту” се музичарите со најголема добивка во периодот од јуни 2017 до јуни 2018 година. Во рамките на 118 милиони долари, исто така, доаѓаат и приходите на турнејата Experience Innocence.
Втори се Coldplay со 115 милиони долари. Ед Ширан е на трето место со заработени 110 милиони долари, а првите пет се дополнуваат од Бруно Марс со 100 милиони долари и Кејти Пери со 83 милиони долари.
Со добивка од 118 милиони долари за една година, ирската група U2 беше прва на листата на најплатените музичари, според магазинот Форбс.