Пејчиновиќ-Буриќ: Решението за спорот со името-најпозитивна точка на Балканот

од desk2
88 прегледи

Хрватската министерка за надворешни работи Марија Пејчиновиќ Буриќ, изјави дека најпозитивна точка од разговорите за Балканот на министрите на ЕУ било решавањето на спорот за името на Македонија.

-Најголем напредок што се однесува на земјите од Југоисточна Европа е постигнат во прашањето за името, Македонија и Грција успеаја да најдат решение за еден проблем кој долго ја спречуваше Македонија да напредува во евроинтеграциите. Се чини дека во таа смисла сѐ оди како што е планирано и ги охрабривме сите страни кои се во тоа уклучени да направат сѐ Преспанскиот договор да се оствари, изјави Пејчиновиќ – Буриќ.

Министрите за надворешни на ЕУ работи денеска имале разговор за Западниот Балкан, вклучително и за Босна и Херцеговина, Србија и Косово.