Вработените во Клиничкиот центар во Скопје денеска излегоа на протест по одлуката на градоначалникот Петре Шилегов, за зголемување на цените за паркирање на Клиничкиот центар, како мерка за спречување на загадувањето, јави Алсат М.

Од Извршниот одбор на овој Синдикат вчера предупредија дека покачувањето на паркинг местото во клиниките за 500,00 денари месечно, со кое истото ќе изнесува 850,00 денари месечно, најмногу ќе ги погоди вработените од социјално најранливата категорија, чија бруто плата изнесува 17,883.00 денари, односно 12,503.00 денари нето плата.

– На овој начин, оваа социјално најранлива категорија вработени треба приближно еден месец во годината да работи за да го плати паркинг местото на своето возило за време на извршување на своите работни обврски – нагласија од Синдикатот на Клинички центар.