Фотографија на која се гледа поранешниот премиер Никола Груевски, кој избега во Унгарија, како се шета низ Будимпешта се појави на социјални мрежи. На фотографијата зад него стои човек што многу личи на Александар Трајковски, член на ВМРО-ДПМНЕ, инволвиран во случајот „Шамарите“ од Центар.
Груевски пред точно месец дена се огласи од Унгарија, каде што побегна и каде побара и експресно доби азил.
Премиерот Заев, нагласи дека во МВР веќе се води истрага за која тој е информиран и за која најави дека наскоро и јавноста ќе биде информирана.
/Телма
