„Се роди ѕвезда“ лидер во номинациите на актерскиот еснаф

од Vladimir Zorba
130 прегледи

„Се роди ѕвезда“ ги предводи наградите на “Screen Actors Guild Awards“ (SAG), што се смета за преглед на Оскарите.

Романтичната музичка лента му донесе на Бредли Купер номинација за најдобар актер, Лејди Гага за најдобра женска улога и Сем Елиот за најдобар актер во споредна улога. Четвртата номинација е за најдобар кастинг, објави АФП.

Филмот на Спајк Ли “BlacKkKlansman” за вистинската приказна на црн полицаец, кој навлегува во редовите на Кју Клукс Клан со помош на белиот партнер редовите на второ место со 3 номинации за најдобра машка улога – на Џон Дејвид Вашингтон, најдобар спореден актер – Адам Драјвер и најдобар кастинг.

Други филмови, номинирани за најдобар актерски состав се -филмот за суперхерои “ЦрниотПантер”, “Боемска рапсодија” за фронтменот на “Квин” Фреди Меркјури и летната романтична комедија “Луди богати Азијци”.

Кај телевизиските номинации комедијата на Амазон “The Marvelous Mrs. Maisel” и драмата “Ozark” на Нетфликс водат, со што секој од нив има по четири номинации. Наградите на актерите на еснафите ќе бидат доделени на 25 јануари во Лос Анџелес. Иако се помалку популарни од “Златен глобус”, наградите на SAG се сметаат за повеќе од само индикатор за Оскарите, бидејќи членовите претставуваат околу 1 200 од вкупниот број од 6 000 гласачки членови на Академијата.