Промовирана книгата „Татко ми и Титовите кученца“ на Делвина Крлуку

од Марта Пешевска
321 прегледи

Книгата „Татко ми и Титовите кученца“, на авторката Делвина Крлуку беше промовирана  вечерва во салата за состаноци во општинската зграда во Дебар.

Книгата претставува избор на есеи од авторката во кои,како што беше речено,се пренесени голготите и неправдата врз Албанците во Дебар и Дебарско и православните Албанци од Река,од времето на Титова Југославија до денес.

Промотори на книгата беа Шпетим Положани, претседател на Друштвото на политичките затворенци Албанци во Македонија и Башким Машкули,претседател на дебарскиот огранок на друштвото.

Пред голем број дебрани авторката прочита и еден од есеите кој е дел од книгата. Ова осма нејзина книга, претходните седум се збирки поезија, кои се преведени на повеќе странски јазици.

Таа е родена во Дебар, а моментно е новинарка во весникот „Коха“.