„Зимски пејзаж“ – музика и слики на Ана Пандевска на отворено

од Марта Пешевска
551 прегледи

Во Паркот на Франкофонијата вечер од 19 часот ќе се одржи мултимедијален авторски настан на композиторката Ана Пандевска, насловен „Зимски пејзаж“. На програмата ќе бидат три композиции од опусот електроакустична музика на Пандевска, а во изведба на пијанистката Дуња Иванова.

-Во зимски амбиент, и покрај ниските температури, концертот ќе биде изведен на акустично пијано поставено на отворен простор како можност за испраќање порака за слободата и достапноста на музичката уметност, соопшти Сојузот на композиторите на Македонија.

Во рамките на овој проект, Ана Пандевска  првпат ќе се претстави и со самостојна изложба во Монтажната галерија. Нејзините слики, кои се изработени на платно и гипс картон во различни ликовни техники, ќе бидат изложени во вид на висечки инсталации.