Белгискиот фудбалер Раџа Наинголан и претходно беше мета на кражби во Италија, а сега со фалсификувани чекови бил оштетен за речиси 150.000 евра.

Полицијата извршила претрес во сите негови финансиски извештаи и во текот на истрагата открила дека Наинголан има сериозен проблем со коцкање.
Познато е дека играчот за врска на Интер е љубител на бурниот живот и журките, а и самиот има изјавено дека сака да има „живот надвор од фудбалот“.
Полицијата нашла чекови што Наинголан ги потпишал во казино во Монте Карло во август, а се работи за огромни суми пари, пишува италијанскиот весник La Stampa.
Полицијата смета дека има видеоснимки на кои се гледа групата луѓе кои ги фалсификувале чековите на 30-годишниот фудбалер.
Во 2014 година на Наинголан му беше провален автомобилот, а две години подоцна му беа украдени предмети од домот во вредност од речиси 200.000 евра.