Триесет и осум лица ноќеска во Скопје управувале возило под дејство на алкохол

од Марта Пешевска
114 прегледи

Полицијата открила 38 возачи кои ноќеска управувале возило под дејство на алхохол, во рамки на зајакната акциска контрола спроведена на подрачјето на СВР Скопје во периодот од 00:00 до 05:00 часот.

Полициски службеници контролирале се вкупно 209 возачи, a кај 38 од нив утврдиле присуство на алкохол во крвта.

-По однос на констатираните  прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 38 мерки. Исклучени се 38 возачи од сообраќај, издадени се 38 мандатни платни налози и откриени се 23 останати прекршоци, информираат од МВР.