Фудбалерите на Тотенхем го декласираа Евертон со 6:2 (3:1) по пресвртот на Гудисон парк во последниот меч на 18. коло на Премиер лигата.

Евертон поведе против Тотенхем со голот на Тео Волкот во 21 минута, за до крајот на полувремето да следи рафал на гостите за пресврт од 3:1.
Прво Хеонг-мин Сон ја казни катастрофалната грешка на Зума и Пикфорд, потоа Деле Али ја закова одбиената топка за 2:1, а потоа Хари Кејн ја искористи одбиената топка од стативата и им донесе на гостите висока предност пред одморот.
Тотенхем продолжи да ги гази „карамелите“ и во второто полувреме, веќе во 48. минута Кристијан Ериксен со фантастичен волеј удар погодува за 4:1.
Три минути подоцна Евертон ја враќа надежта во борба за бод со голот на Гилфи Сигурдсон, но половина час пред крајот Сон со втор гол на мечот му става крај.
Петнаесетина минути пред крајот и Кејн втор пат ја затресе мрежат на Евертон за тениски 6:2 во Ливерпул.
Тотенхем со трета последователна победа проодлжи да го следи второпласираниот Манчестер сити зад кој заостанува два бода и лидерот Ливерпул кој како и во претходините две сезони е лидер на Премиер лигата за Божик.
На Боксинг деј, ден по Божик, Тотенхем го пречекува Борнмут, додека Евертон крај на низата од четоро порази ќе бара кај „давеникот“ Барнли.