Секој пат кога детето во продавница почне да плаче молејќи ве да му купите уште едно чоколатце, ви пружа пример кога треба да се каже не. Објаснете му дека се додека така се однесува нема да го добие она што го бара. Токму вашето однесување во вакви ситуации е од клучно значење.

Имено, детето не би почнало да моли и плаче, ако искуството го научило дека тоа кај вас не поминува. Со други зборови, тоа само користи средство за кое од порано знае дека ќе го одведе до целта. Затоа е потребно да останете доследни.
Кога дома имате повеќе чоколада, и кога ви е јасно дека желбата на детето е само моментален хир, речете му не, а потоа не попуштајте, останете цврсто на својата одлука.