„Aquaman“ го освои бокс-офисот

од desk2
168 прегледи

Филмот „Aquaman“ го освои американскиот бокс-офис со заработка од 67.4 милиони долари во текот на изминатиот викенд. Според Box Office Mojo, пред да биде прикажан во Северна Америка филмот заработи 332.1 милиони долари на светско ниво.

„Aquaman“ нуди свежи моменти во универзумот на DC Comics, според податоците на Rotten Tomatoes филмот доби позитивни критики од 64 проценти од филмските критичари.

На второ и трето место се најдоа премиерите на „Mary Poppins Returns“ со 22.2 милиони долари, односно на „Bumblebee“ со заработка од 21 милиони долари.

Меѓу првите пет се „Spider-Man: Into The Spider-Verse“ со заработка од 16.7 милиони долари и „The Mule“ на Клинт Иствуд, со заработка од 9.9 милиони долари.

Ова се десетте најгледани филмови за изминатиот викенд:

1. Aquaman – 67.4 милиони долари

2. Mary Poppins Returns – 22.2

3. Bumblebee – 21

4. Spider-Man: Into The Spider-Verse – 16.7

5. The Mule – 9.9

6. The Grinch – 8.1

7. Second Act – 6.5

8. Ralph Breaks the Internet – 4.6

9. Welcome to Marwen – 2.3

10. Mary Queen of Scots – 2.2 милиони долари.