Принцезата Елизабет Баварска, царицата од Австро-Унгарија, имаше два живота: вистински и “на екранот“. И вториот трае и до ден-денес…
На 24 декември 1837 година се раѓа принцезата Елизабета Баварска, легендарната Сиси, која станала сопруга на австро-унгарскиот император Франц Јосиф I.
Таа е една од најинтересните жени на својата епоха, поетеса, професионален џокеј, уште тогаш таа водела живот, типичен за современите богати дами: диети, спорт, патувања во сончевите делови на Европа. Но, светската слава доаѓа од идејата за императорката, години подоцна, по нејзината смрт – во средината на минатиот век, кога на екранот излегува познатата австриска кинотрилогија: “Сиси”, “Сиси – младата царица” и “Сиси – судбоносните години на една царица”.
Сликата на невината принцеза, која се претворила во една од највлијателните жени на Европа, е толкувана од Роми Шнајдер. Оваа улога ѝ освои светска слава – не помала од онаа на самата Сиси. И нема Божиќ во Германија кој поминува без Сиси на телевизискиот екран.

Филмот ужива извонредна популарност во Германија и Австрија. Кога на 8-та минута на првиот дел од трилогијата на коњ со црвен фустан се појавува младата Сиси, 17-годишната во тоа време Роми, и крикнува “Гутен Морган!”, во киносалите срцата запираат.
Толку е хумористична, што таа го храни младиот јастреб од шише! И колку љубезно и веднаш и вели “ти” на мајка си! И фразата “Моето хоби е јавање! Моето омилено цвеќе се црвените рози! Мој омилен деликатес е штрудла со јаболка! “- тоа го знаеја на памет и го повторија сите девојки од Германија и Австрија.
Најосвечениот детаѝ од овие филмови, покрај Ромни Шнајдер, беше фактот дека голем дел од приказната што се репродуцира на екранот е вистина.