Американецот Елвин Крокер (50) уапсен е откако во неговиот двор се најдени телата на неговите две деца. Тој неодамна работел како Дедо Мраз во трговскиот центар „Волмарт“.

Замениците на шерифот дошле во неговиот дом во градот Савана за да проверат каде е неговата ќерка Мери (16), затоа што некој пријавил дека не е видена од октомври.
По разговор со Крокер тој сам ги одвел во дворот зад куќата и им покажал каде се закопани Мери и нејзиниот постар брат Елвин, кој исчезнал пред две години, кога имал 14.
Третото дете со потешкотии во развојот пронајдено е живо во куќата.
Се уште не е познато како умреле децата.
Освен таткото, полицијата за смртта на децата ги сомничи и неговата сопруга Кендис Крокер, 33, нејзината мајка Ким Врајт 50 и нејзиното момче.