Вест Хем постави клупски рекорд во Премиер Лигата

од desk2
187 прегледи

Тимот на Вест Хем постави еден клупски рекорд по бројот на освоени бодови во англиската Премиер лига за еден месец.

Во декември, тимот стигна до 15 бода на шест натпревари – пет победи и еден пораз.

Во историја на Вест Хем во Премиер Лигата, досега не се случил ваков резултат во еден календарски месец.

Вест Хем синоќа го победи Саутемптон на гости со 2:1.

По 19 рунди во Англиското фудбалско првенство, Вест Хем се наоѓа на 9.место со 27 бода.