Во изминатите години од колекцијата на Музејот на ликовната уметност Стенерсен во Осло исчезнале 47 музејски слики, од кои 34 дела на Мунк, а најновата информација е дека уште шест уметнички дела на познатиот норвешки сликар се водат за исчезнати.

Весникот “Дагбладет“ објави дека шестте дела биле дел од збирката на Музејот Мунк, кој пак, бил дел од истиот музејски кластер како Музејот на Стенерсен.
Директорот на музејот “Мунк“, Штејн Олав Хенриксен, изјави дека не може да го објасни фактот зошто исчезнувањето на делата не било откриено и претходно. Хенриксен, исто така, објасни дека од 2010 Музејот на Мунк ја презел одговорноста за уметничките дела, за кои претходно пак, била одговорна општината Акер во Осло.
Во Музејот Мунк инаку, се наоѓаат повеќе од 1.200 слики, 18.000 принтови, шест скулптури…