Посебен сообраќаен режим утре на просторот пред Владата

од Vlatko K
78 прегледи

 Министерството за внатрешни работи утре од 13 часот ќе воведе посебен сообраќаен режим на сообраќајницата пред Владата на Република Македонија поради најавен протест.

-Од  тие причини сообраќајот ќе биде пренасочен на булеварот „Илинден“ на потегот до крстосницата меѓу

 

булеварот „Гоце Делчев“ и булеварот „ВМРО“ до крстосницата на булеварот „Илинден“ и булеварот „Свети Климент Охридски“, соопшти МВР.

Оттаму апелираат граѓаните  да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.