Извинување поради насловна на „Монд“: Макрон како Хитлер

од desk2
103 прегледи

Францускиот весник „Монд“ јавно се извини поради најновата насловна страница на која се наоѓа францускиот претседател Емануел Макрон.

Многумина тврдат дека на насловната Макрон е спореден со Хитлер, а весникот наведува дека „очигледно таква паралела немале на ум“.

Контроверзната фотографија покажува голема буква М и колаж од фотографии на Макрон, демонстранти во жолти елеци на Елисејските полиња.

Токму фотографијата и нејзините бои го првлекоа вниманието на читателите, на чие чело претседателот на Народниот парламент кој наведе дкеа ваква насловна лесно прави паралели.

Читателите тврдат дека потсетува на колажот на кој е Хитлер и масата која му салутира. Творец на илустрацијата е Линколн Агњу и прв пат се појави во весникот „Харпер“ во јули 2017.

На некои, Хитлер не им беше прв на ум. Многумина Макрон го споредија со Карл Маркс, па и со Ленин.

“Le Mond“ упати извинување, но и ги отфрли тврдењата дека постоела намера Макрон да се спореди со Хитлер.