Гвардиола: Играчите го направија она што се очекуваше од нив

од Марта Пешевска
138 прегледи

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ја прифати мирно победата од 3:1 над Саутемптон на неговиот тим, со која неговот тим стави крај на серијата од два последователни порази во Премиер Лигата.

„Граѓаните“ покажаа огромна желба да се реваншираат на своите навивачи и далеку од дома постигнаа резултат кој ќе поврати дел од нивната самодоверба пред големото дерби против Ливерпул на 3-ти јануари.

– Победата беше важна по два порази. Играчите го направија она што се очекуваше од нив. Ако еден тим стигне до 100 поени (во претходната сезона -н.з.), а следната година има 45 (всушност, Сити има 47) на полусезона, работите не се многу лоши“, изјави Пеп по мечот