Милан се откажа од купувањето на Фабрегас

од desk2
65 прегледи

Калчолигашот Милан нема да троши пари за купувањето на играч од средниот ред на Челзи, Цеск Фабрегас од Челзи.

Според „Фудбал Италија“, клубот од  Милано сака да го добие 31-годишниот Шпанец, но само ако тој со „сините“ од Лондон го раскине договорот.

Сепак, Фенербахче се приклучи на борбата за Фабрегас, кој е заинтересиран за купување на искусниот фудбалер. Исто така, интересен за Шпанецот пројавуваат и Атлетико и Монако.

Оваа сезона Фабрегас одигра 14 натпревари за Челзи, постигна еден гол и оствари две асистенции.