Зголемен наградниот фонд на Австралија опен

од desk2
195 прегледи

Отвореното првенство на Австралија ќе има вкупен награден фонд од 43,95 милиони долари (62,5 милиони австралиски долари), што е за 14 отсто повеќе од минатата година.

Организаторите на турнирот, кој ќе се одржи од 14 до 27 јануари, направија нова корекција на сумата, откако пред два месеци објавија износ од 60,5 милиони австралиски долари.

Причината за зголемувањето е падот на австралискиот долар.

Мажите и жените шампиони ќе добијат по 4,1 милиони австралиски долари.