Инцидентот во Манчестер се истражува како терористички напад

од desk4
71 прегледи

Нападот со нож при што синоќа се повредени три лица во Манчестер се води како истрага за тероризам, соопшти денеска британската полиција.

Ова го третираме како истрага за тероризам, изјави полицискиот претставник Иан Хопкинс.
За време на новогодишната ноќ на станицата Викторија избодени се еден маж, една жена и еден полицаец.

Напаѓачот веднаш е уапсен.