Валверде не знае дали ќе ја води Барселона следната сезона

од desk2
73 прегледи

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде призна дека се уште не знае дали ќе раководи со тимот во следната сезона.

– Не знам со што ќе се занимавам наредната сезона. Никогаш не мислам премногу напред во иднината. Два месеци – тоа е многу долг период, рече Валверде во интервју за клупската телевизија на шпанскиот тим.

Стратегот ја презеде Барса пред почетокот на сезоната 2017/2018. Под негово водство, каталонците ја освоија титулата во Ла Лига, Купот и Суперкупот во Шпанија. Во моментов Барселона е на врвот на табелата со 37 поени во 17 натпревари.

– Секој пат по победа си среќен, но по пораз, сите гледаат во тренерот. Ако не ја освоиме титулата, секој ќе бара вина во тренерот. Така е по принцип, додаде Валверде.