Ова е најубавиот маж на светот

од desk2
285 прегледи

 

Џејсон Момоа, ѕвездата на “Aquaman”, се најде на врвот на листата од 100 најубави мажи, додека на последното место е Леонардо ди Каприо.

Пописот за 2018 година го состави “TC Candler”, кој ја прогласи француската манекенка Тилан Блондо за најубава жена на светот.

Овие прогласувања почнаа во 1990 година, а се темелат на предлози на јавноста. Освен тоа, организаторите се фалат дека станува збор за најразнолико избирање, а видеата со прогласување на победниците прегледани се два милиони пати во два дена.

Момоа (39) е оженет со Лиза Бонет (51) од 2005 година, а имаат две деца, 11-годишна ќерка Лола и деветгодишен син Накоа-Волф.