Времето во Македонија денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од снег, особено претпладне, и повеќе во западните и јужните делови од земјава.
Од УХМР информираат дека ќе дува засилениот северен ветер најизразен долж Повардаријето, поради што ќе има услови за појава на навеви од снег.
Температурите ќе се движат од -9 до 1 степен Целзиусов.
Во Скопје и околината температурата ќе биде од -1 до 1 степен.
Во наредните денови ќе биде променливо облачно и студено, со многу ниски утрински температури и со слаби локални врнежи од снег.