Промовирани новите дресови на македонската ракометна репрезентација

од desk2
149 прегледи

 

Денеска, во продавницата “Д-спортска опрема“, која се наоѓа во склопот на спортската арена “Филип Втори” и е официјален партнер на македонската репрезентација, се промовирани новите дресови на македонската ракометна репрезентација.

Промоцијата е одржана под мотото “Со нов дрес до нови победи“, а со овие дресови македонската национална селекција ќе настапи на СП во Германија и во Данска.

На промоцијата беа присатни челниците на РФМ, како и нашите репрезентативци на чело со капитенот Кире Лазаров.

Дресовите се достапни и за љубителите на ракометот, кои можат да ги набавават по промотивна цена од 1119 денари, денеска и со потписот на некој од нашите репрезентативци.