Нова папарацо фотка од Груевски: Фатен како вади пари на периферијата на Будимпешта

од desk2
186 прегледи

Телевизија Телма објави нова фотографија од избеганиот експремиер Никола Груевски.

Фотографијата ја испратил гледач, направена е завчера во супермаркет Теско на периферија на Будимпешта и се гледа како Груевски вади пари од банкомат.

Гледачот кој ја снимил фотографијата тврди дека имал капче и шал преку лицето, а веднаш откако извадил пари со телефон се јавил и по него дошол џип со затемнети стакла, пишува Телма.