Харден го повтори успехот на Мајкл Џордан

од desk2
72 прегледи

Кошаркарот на Хјустон, Џејмс Харден го повтори достигнувањето на Мајкл Џордан во серијата натпревари на кои постигнал најмалку 35 поени.

Ѕвездата на „Ракетите“ постигна 38 поени во дуелот против Портланд (101:110), одигран изутрината.

Така, Харден, на десет натпревар во низа постигна најмалку 35 поени.

Мајкл Џордан во сезоната 1986/87 како дел од Чикаго исто така постигна барем 35 поени на 10 натпревари по ред.

Рекордот му припаѓа на Коби Брајант, чија серија во сезоната 2002/03 беше 13 натпревари.