По одбивањето на Мурињо, Бенфика тренерската функција му ја нуди на Ван Гал

од desk2
87 прегледи

Португалскиот фудбалски великан Бенфика испрати понуда до холандскиот стручњак Луи ван Гал да ја преземе тренерската функција.

Тимот од Лисабон остана без предводник, откако управата му врачи отказ Руи Виториа.

Прва желба за Бенфика беше Жозе Мурињо, но тој не ја прифати понудата.

Во 2016 година, 67-годишниот Ван Гал го напушти Манчестер јунајтед и оттогаш е без ангажман.

Бенфика се наоѓа на третото место по 18 кола во португалскиот шампионат со 35 бода.

Ван Гал во својата тренерска кариера има работено во Ајакс, Барселона, холандската репрезентација и Манчестер јунајтед.