Гвардиола по 9:0 против Бартон: Не очекувавме да постигнеме толку многу голови

од desk4
129 прегледи

Манчестер сити го победи Бартон со 9:0 и обезбеди финале во Лига купот, бидејќи реваншот во полуфиналната пресметка ќе биде само формалност. Тренерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола рече дека не очекувал победа со таква разлика.

  • Честитки до Бартон затоа што успеаја да стигнат до оваа фаза. Тие заслужуваат неверојатни пофалби. Беше важно за нас да победиме со што повеќе голови, но не очекувавме дека ќе успееме да постигнеме толку многу погодоци. Ова е одлично. Тоа значи многу за нас. Во Музејот на Манчестер сити клуб нема толку многу трофеи, па затоа секој пат кога имаме шанса да стигнеме до финалето, треба да ја искористиме и да бидеме гладни за победи, истакна Гвардиола.

Реваншот со Бартон е закажан за 23 јануари.

Во другото полуфинале од Лига купот на Англија, Тотенхем по првиот натпревар има предност од 1:0 против Челзи.