Укината забраната за тешки товарни возила на патот Кичево – Охрид

од desk2
87 прегледи

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид, преку планинскиот премин Пресека, е укината во 12:30 часот, информират од Автомото сојузот на Македонија.

Претходно во 11:45 беше укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“.

Претходно беше укината и забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан во 11:45 часот, соопшти Јавното претпријатие „Македонија пат“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“