Литванија веќе ги признава браковите на литванските хомосексуалци со странци . Нивните странски партнери ќе можат да добијат право да останат во земјата со сите права на сопружниците.

Ова е дефинитивна одлука од страна на Уставниот суд, во која се наведува дека дозволата за престој не може да се одбие само врз основа на пол или сексуална ориентација.
Во земјата, хомосексуалните бракови сеуште не се препознаваат , сметаат агенциите.
Хомосексуалноста беше декриминализирана во 1993 година . Во моментов, според законот, бракот е “заедница помеѓу маж и жена”.
Активистите, сепак, ја поздравија одлуката на судот како важна победа.
Католичката црква, очигледно, се спротивстави , потсетувајќи на она што христијанството го кажува за бракот.
Во последните години Литванија направи голем број на чекори во корист на хомосексуалците
И Бугарија направи исчекор кога судот минатата година донесе одлука во корист на лезбејките омажени во странство. Тие добија право да останат во Бугарија како семејство.
Тогаш судот повикувајќи се на неодамнешната одлука на Европскиот суд за слично дело во Романија, случајот “Коман”, во кое се пресуди дека земјите од ЕУ треба да го почитуваат правото на престој на еднополови двојки кои склучиле законски брак во друга земја, кои сакаат да живеат заедно на нивната територија.
